Home Шоубизнис „Bigger“ – инспиративна драма за развојот на бодибилдингот

„Bigger“ – инспиративна драма за развојот на бодибилдингот

Објавен е првиот трејлер за филмската драма „Bigger“ која ја пренесува инспиративната приказна за развојот на бодибилдингот.

Филмското остварување на Џорџ Гало ги следи Џо и Бен Вејдер, основачите на најпознатото бодибилдинг натпреварување – „Mr. Olympia“.

Соочувајќи се со антисемитизмот и екстремната сиромаштија, браќата Вејдер успеаја да изградат империја и да ги инспирираат и мотивираат идните генерации. Тие подоцна основаа и голем број компании за производство на опрема и суплементи и се најзаслужни за тоа што бодибилдингот денес е толку популарен и распространет.

Џо Вејдер во филмот го глуми Тајлер Хеклин, а Анеорин Бернард ја има улогата на Бен Вејдер. Џулиен Хаф ја игра улогата на сопругата од Џо Вејдер. Покрај нив, во филмот ќе ги гледаме и Кевин Дуранд, Колтон Хејнс, Викторија Џастис, Ди Џеј Квалис, Макс Мартин и многу други.

Во филмот ќе биде прикажан и своевремениот петкратен освојувач на „Mr. Olympia“, Арнолд Шварценегер, кој ќе го глуми Калум фон Могер.

„Bigger“ премиерното прикажување ќе го има на 12 октомври оваа година, после кое почнува и светската премиера.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Тејша Адамс можеби ќе го пропушти Њујоршкиот маратон поради здравствени проблеми

Тејша Адамс откри дека влошувањето на симптомите на автоимуната болест може да ја спречи д…