Home Шоубизнис Погледнете како Арсен Дедиќ и Чолиќ ја создаваа една од најубавите екс-ју балади

Погледнете како Арсен Дедиќ и Чолиќ ја создаваа една од најубавите екс-ју балади

Познат е фактот дека Арсен Дедиќ неретко пишуваше песни и компонираше музика за други изведувачи. Меѓу нив се вбројува и Здравко Чолиќ за кого Дедиќ го создаде еден од најголемите хитови на Чола, песната „Загрли ме“.

Баладата која ја слушаме повеќе од 40 години прв пат беше објавена на албумот од Чолиќ „Ako priđeš bliže“, а направена е во домашна атмосфера каде Дедиќ и Чолиќ заедно ја создаваа – Арсен на клавир, Здравко на гитара.

Иако е компонирана во далечната 1977 година, обожавателите на Чолиќ и денес ја слушаат и важи за еден од неговите најголеми хитови. Доживеа и голем број преработки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Емили Ратајковски и Кејт Мидлтон во трендовски стил со тексас

Ако барате есенски тренд во тексас кој е одобрен од славни личности и богати мајки како Ем…