Home Шоубизнис „Исцелител“ на Ставрески избран за македонски кандидат за престижниот „Оскар“

„Исцелител“ на Ставрески избран за македонски кандидат за престижниот „Оскар“

Филмското остварување „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од страна на комисијата задолжена за одлука беше избрано за национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје” за 2019 година.

Одлуката која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, ја донесе комисја во состав: во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …