Home Шоубизнис Доби породилни болки додека чекореше на модна писта во секси долна облека

Доби породилни болки додека чекореше на модна писта во секси долна облека

Манекенката Слик Вудс откри дека на модната ревија на која се промовираше новата линија секси долна облека со дизајнерски потпис од популарната пејачка Ријана, ги носела секси дизајнерските парчиња додека имала породилни болки.

Вудс на пистата се шеташе во минијатурна долна облека која минималистички го прекриваше само меѓуножјето и пупките од градите, а 14 часа после модната ревија се породи и роди син.

За сето ова таа проговори на својот Инстаграм профил.

„Ова е лицето на жената која има породилни болки. Четиринаесет часа после ова се роди кралот. Понекогаш навистина не знаеме колку можеме да издржиме. Сакам да кажам дека можам да направам ебено сè што сакам и кога сакам, а истото го можете и вие“, напиша Вудс на Инстаграм.

Брза помош била повикана веднаш штом Вудс се симна од модната писта, а поради облеката која ја носеше неколку часа пред породувањето, таа стана вистинска ѕвезда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …