Home Шоубизнис Еминем си гази – Лед Цепелин и АББА „голтаат прашина“

Еминем си гази – Лед Цепелин и АББА „голтаат прашина“

Американскиот рапер Енимен по деветти пат по ред, со нов албум доаѓа до официјалното место број еден на британската листа на најпродавани албуми и на тој начин ги надмина музичките великани АББА и Лед Цепелин.

„Значи ли тоа дека сега можам да се викам Сер Еминем?“, шеговито праша 45-годишниот музичар од Детроит кога од британската дискографска индустрија му ја соопштија веста.

Еминем досега, заедно со шведската поп група АББА и култната британска рок група Лед Цепелин, беа изедначени со по осум последователни албуми со префиксот „број еден“. Цепелин тоа го постигнаа во 1979 година, а АББА три години потоа.

Претпоследниот албум на Еминем, „Revival“, објавен минатата година, наиде на негативни критики од критичарите, но и покрај тоа, се искачи на британскиот број еден. А тој на музичката критика за тоа, на изненадување на музичкиот свет, им „возврати“ само осум месеци подоцна, со уште еден, нов, албум со наслов „Kamikaze“. И повторно уште еднаш „број еден“ во Британија. Деветти пат по ред.

На својот деветти албум Енимен, како и досега, повторно се нафрли на своите омилени „пациенти“ и теми: критичарите, колегите музичари и американскиот претседател Доналд Трамп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кара Делевињ откри како Тејлор Свифт ја поканила во спотот за „Patient Zero“

Кара Делевињ раскажа како добила покана од долгогодишната пријателка Тејлор Свифт да се по…