#Бојкотирам и Владата – Ќе има две прослави за Денот на независноста!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За првпат годинава, најавени се две прослави на Денот на независноста. Едната пред Владата која ќе биде организирана од македонските власти, на која ќе треба да се обрати премиерот Заев и веројатно ќе побара поддршка за референдумот на кој ќе треба да се потврди договорот од Преспа кој предвидува промена на името на Македонија и втората, пред Собранието на Македонија која ќе биде организирана од мрежата #Бојкотирам и Координативното тело против референдумот.

По повод Денот на независноста денеска собраниска делегација на гробиштата во Бутел ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски и на споменикот „Ослободители на Скопје“.

Во Собранието на Република Македонија ќе биде врачена државната награда „8 Септември“ која се доделува во две категории – за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот. Наградата за животно дело ќе му биде доделена на Таки Џиков, а признанија за остварувања во областа на спортот ќе им бидат врачени на Стефан Гешовски, Сашко Арсовски, Владимир Радиќ и Ристо Таков. Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија.

Централната прослава по повод Денот на независноста ќе се одржи вечер со забава на отворено во дворот на Владата. Најмладите со нивните семејства ќе се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд. Најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.

Мрежата #Бојкотирам и Координативното тело против референдумот на 8 септември, сабота, организираат голема прослава за Денот на независноста.

Од 17.00 до 18.30 часот Мрежата #Бојкотирам кај Школката – Градски парк, организира прослава “Среќен роденден Македонијо – Протестирам за да не е последен!” Ќе има музика, гратис #Бојкотирам маички и роденденска торта. Оттаму, прославата продолжува пред Собранието на Македонија.

Од 19.00 до 22.00 часот Координативното тело против референдумот, пред Собранието на Македонија организира Семакедонски собир “8 септември Држава – 30 септември Геноцид – БОЈКОТИРАМ значи НЕ ГЛАСАМ”. По интонирањето на Македонската национална химна и дефиле на државното и семакедонското знаме 10х20 метри од плоштадот “Македонија” под Порта “Македонија” до платото пред Собранието, ќе настапат КУД “Никола Јонков Вапцаров” со Тешкото, Копачка и ора од Егејскиот дел на Македонија и рап-групата “Пука Козметика”.

Пораки против референдумот ќе упатат Џејсон Мико, македонски сенатор и голем пријател на Македонскиот народ од САД, Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест и Тодор Петров претседател на Светскиот Македондки Конгрес.

Водителка на програмата е актерката Арна Шијак.

Фото: МКД.мк