Чепреганов: Ако успее референдумот, ова ќе биде последно славење на Денот на независноста


1/8 финале на СП: Мегваер пак е главна тема - 15 ден ↓↓↓



Познатиот историчар Тодор Чепреганов кој отворено застана против договорот со Грција со кој се променува уставното име на Македонија, даде интересна изјава воочи Денот на независноста.

Доколку референдумот на 30 септември биде успешен, ова најверојатно ќе биде последното славење на денот на независноста на Република Македонија, вели историчарот Тодор Чепреганов за весникот Вечер.

„Се поставува прашањето кој ден ќе го славиме од следната година и дали следната година ќе го празнуваме 30 септември како празник на држнавноста. На еден референдум во 1991 година сме гласале “ЗА Независна Македонија, а сега одиме против тоа што сме го гласале тогаш и гласаме за друга држава, за Република Северна Македонија. Кој празник е сега на нашата независност? Доколку референдумот на 30 септември биде успешен, ова најверојатно ќе биде последното славење на денот на независноста на Република Македонија. Ако после референдумот, се преименува во Република Северна Македонија, нелогично е како би се славел Ден на независноста на Република Македонија“, додава Чепреганов за Вечер.