Home Актуелно Милошоски прв го извести Собранието за својот став

Милошоски прв го извести Собранието за својот став

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став.

– Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин и е во согласност со демократските традииции на РМ од 2004 година и Кодексот на Венецијанската комисија при советот на Европа од 2007 година – вели Милошоски во соопштението што го испратил до Џафери.

Пратеникот Милошоски, притоа бара од македонското Собрание да му обезбеди средства предвидени за таа намена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…