Home Актуелно Заради ОВОЈ потег муслиманска двојка беше одбиена за швајцарско државјанство

Заради ОВОЈ потег муслиманска двојка беше одбиена за швајцарско државјанство

Пар со муслиманска вероисповест поднел барање за швајцарско државјанство за кое се одлучувало во Лозана, но тие биле одбиени од градските власти за доделување на државјанскиот документ.

Според градоначалникот Грегоар Жуно тие биле одбиени бидејќи не ја признаваат рамноправноста на половите. Жуно кажа дека градската комисија ја испрашала двојката пред неколку месеци за да провери дали ги исполниле критериумите за добивање државјанство. Но, како што се вели во одлуката која е јавна, тие не успеале целосно да се интегрираат.

Иако градоначалникот не сакал да ги објави сите детали за двојката и не сакал да открие од каде доаѓаат ниту нивните идентитети, тој откри дека не сакале да се ракуваат со лица од спротивниот пол. Исто така, кога прашања им поставувале лица од спротивниот пол имале проблем со одговарањето, им било многу непријатно.

Жуно истакна дека во нивниот кантон се почитува верата и содржана е во законите, но и дека верската пракса не е надвор од легислативата.

„Уставот и еднаквоста меѓу мажите и жените мора да ја победат нетолеранцијата кон различностите и фанатизмот“, изјави заменик градоначалникот на Лозана.

Муслиманската двојка има право на жалба на одлуката на градот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…