Home Вебкафе Инвалидската количка не ја спречува да танцува – погледнете го нејзиниот неверојатен танц

Инвалидската количка не ја спречува да танцува – погледнете го нејзиниот неверојатен танц

Кога пред 8 години, по една веселба, Челси седнала во автомобил со другарите кои биле во алкохолизирана состојба, за тоа платила голема и превисока цена. Доживеала стравична сообраќајна несреќа поради која завршила во инвалидска количка.

Иако на почетокот била убедена дека животот повеќе нема смисла за неа и дека никогаш повеќе нема да танцува, решила да не се откаже. Со помош на неколку пријатели кореографи и поддршката од семејството Челси продолжила да танцува и во инвалидска количка.

A post shared by Chelsie Hill (@chelsiehill) on

„Танц е танц, без оглед дали си во количка или дали ги користиш нозете. На двата начини можеш со движењата да изразиш емоции, а тоа е најважното“, истакнува таа.

Наспроти ужасната повреда и инвалидитетот, Челси не се откажала од соништата и доста успешно се занимава со танцот, а соработува и со светски познати кореографи.

Во една прилика гостувала и во една од најпознатите американски емисии чија водителка е популарната Елен Деџенерис.

A post shared by Chelsie Hill (@chelsiehill) on

Челси има на ум бројни танцови проекти и цели и во тоа ништо нема да ја сопре. За волјата и упорноста сите би можеле многу да научиме од Челси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…