Home Актуелно Австралија достигна рекорден број жители: 25 милиони една деценија пред предвиденото

Австралија достигна рекорден број жители: 25 милиони една деценија пред предвиденото

Речиси деценија пред предвидениот рок, бројот на жители во Австралија достигна рекордни 25 милиони. Една од причините е тоа што земјата привлекува стотина илјади мигранти секоја година, покажаа најновите податоци на владата во Канбера.

Според новите податоци, во секоја минута една личност стигнува во Австралија, што поттикнува побарување, од куќа до автомобил, училиште и болница, со што се зголемува богатството на земјата, пренесува Ројтерс.

Австралиското биро за статистика предвидува дека за три години бројот на жители ќе достигне 26 милиони.

Како што се наведува, значително е зголемен бројот на мигранти што поттикна дебата за економското и социјално влијание на миграцијата, со оглед на тоа дека неадекватната инфраструктура влијаела на задушување на градовите, додека пазарот има органичен раст на платите.

Друга студија, обвјавена во јуни, покажа дека 62% од вкупниот раст на жители на Австралија доаѓа од прекуморската миграција, а 38% од природниот пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…