Home Вебкафе Четири излегувања со едно момче, ја чинеле пекол цели 13 години!

Четири излегувања со едно момче, ја чинеле пекол цели 13 години!

Линдзи Голдрик Дин од Велика Британија била на четири состаноци со маж кој го запознала онлајн. Но, тоа било доволно за 13 години константно злостанување кое следело.

Во британската емисија „This morning“, Дин зборувала за краткото дејтање со маж кого го одбила, но тој тоа не можел да го прифати. Откако го одбила, купил неколку интернер домени со нејзиното име, а не престанал дури и кога се омажила и добила дете.

Со оглед на тоа дека неговите напори да ја заведе не успеале, ова се претворило во злоставување, со испраќање на заканувачки мејлови, како и упатување на непријатни повици на нејзините пријатели и семејството.

„Купил барем 15 интернет страни во мое име, ми ги скрши амбициите“, откри додавајќи дека поради тоа била многу нервозна.

„Се чувствував контролирано вознемирено, ужасно“, заклучи несреќната Британка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…