Home Живот и здравје За сите кои не вежбаат оти ги мрзи – еве го најголемото побивање на вашите „изговори“

За сите кои не вежбаат оти ги мрзи – еве го најголемото побивање на вашите „изговори“

21-годишниот Ник Сантонастасо страда од Ханхартов синдром, нарушување проследено со различни степени на јазични оштетувања и недостаток на екстремитети. Но, тоа не го спречи Ник да стане вистинска бодибилдинг и YouTube ѕвезда и мотиватор за многу луѓе да се посветат на вежбањето и здравиот живот.

Со процент на можност за преживување од само 30%, Ник сепак успеал да докаже дека е посилен од сè. На YouTube е објавена снимка на која Ник крева огромна гума од 70 килограми. Тој тврди дека е еден од 12 луѓе кои се родиле со тоа нарушување, а осум починале.

Храбриот и вреден Ник редовно споделува фотографии и видеозаписи на социјалните мрежи и добива огромна поддршка од пријателите.

„Наспроти хендикепот кој го имам, од секогаш сакав да бидам фитнес модел тренер по бодибилдинг и мотивационен говорник. Се трудам да си ги остварам желбите“, вели младиот Ник, пример за многу бодибилдери ширум светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …