Home Спорт Пред четири години пристигна Хамес, а сега нов Колумбиец во Реал Мадрид

Пред четири години пристигна Хамес, а сега нов Колумбиец во Реал Мадрид

На претходното Светско првенсво блесна Хамес Родригез и си обезбеди трансфер во Реал Мадрид, а сега истото би можел да го направи неговиот сонародник Хуан Квинтеро.

Квинтеро игра фантастично на Мундијалот, а шпанските медиуми тврдат дека би можел да пристигне во Реал Мадрид како замена за Матео Ковачиќ кој сигурно заминува од „Сантиаго Бернабеу“.

Сепак, најголема препрека за трансферот на 25-годишниот плејмејкер е комплицираната сопственост на Колумбиецот. Имено, Ривер Плата има можност да откупи 80% од неговиот договор, кој моментално е во сопственост на Порто.

Преостанатите 20% се во сопственост на менаџерски компании, а тоа може да биде пречка за трансферот на Квинтеро, кој е на мета на многу европски гиганти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…