Утре дури 12 фудбалери го напуштаат Арсенал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова лето Арсенал направи неколку драстични промени, па после повеќе од 20 доби нов кормилар во името на Унаи Емери.

После цели 22 години Арсен Венгер го напушти кормилото на Арсенал, а на негово место беше назначен шпанскиот стратег Унаи Емери.

Очигледно Шпанецот веќе одлучил да направи големи промени во тимот, па заедно со раководството одлучија кои фудбалери нема да добијат нови договори. Најзвучно име е секако Џек Вилшер кој не успеа да се договори со раководството и заминува како слободен агент.

Помалку неверојатно звучи фактот дека утре им завршува договорот на дури 12 фудбалери на Арсенал, кои ќе го напуштат клубот како слободни агенти, тоа се: Марк Бола, Санти Казорла, Александер Крин, Влад Драгомир, Арон Еиома, Јашин Фортун, Рајан Худард, Чирои Јансон, Хуго Кето, Пер Мертесакер, Тафари Мур и Џек Вилшер.