ПРЕДИЗВИК: Еден месец секојдневен ОРГАЗАМ, а потоа следува НЕОЧЕКУВАНА ПРОМЕНА

Како што велат експертите, за да избегнете вагинална атрофија, неопходно е да доживеете барем еден оргазам дневно. А тоа дури не е ниту надобра работа во врска со тоа.

„Организмот испушта голем број на хормони вклучувајќи и окситоцин, тестостерон и естроген. Тоа е најдобар можен лек со кој хормоните можете да ги оддржувате во баланс, да ја намалите анксиозноста, да го подобрите сексуалниот жибот и да го подобрите сонот“, вели Рејчел Карлтон Абрамс.

Таа вели и дека оргазмот е добар поради тоа што го зголемува бројот на отчукувања на срцето, со што го прави посилно, а го подобрува и крвниот притисок. Всушност, еден оргазам дневно гарантирано доведува до подолг и квалитетен живот.

Меѓутоа, јас сум жена и мајка на две деца помали од 5 години. Покрај тоа работам и дома. Тоа значи дека е невозможно во три да дигнам раце од се, да се заклучам во спалната соба со вибраторот на 20 минути. Покрај тоа, и не сакам вибратор, само својата рака.

Така што, на оргазам би се фрлила откако ќе ги легнам децата, што е нешто по 8 часот навечер. Тоа е и голема лекција за мене бидејќи дури по овој предизвик сфатив колкава улога има мозокот во оргазмот. Ако телото знае дека секојдневно во исто време следи оргазам, ќе биде се полесно да го постигнете. Сфатив и дека менструалниот циклус има огромна улога. Најинтензивниот оргазам во животот, поради кој практично скокав по плафон, ми се случи ноќ пред менструација. Беше тешко да се постигне, но траеше 25 секунди и верувајте ми, беше вреден за вложениот напор. За време на овилација, оргазмите се доживуваат лесно, но тие никогаш не се интензивни.

А што е со здравјето? Со оглед на тоа дека и онака секојдневно вежбам, медитирам и се хранам здраво, немаше драстични подобрувања, но нешто се случуваше. Немав никакви грчеви за време на менструацијата. Спиев како бебе. Секој стрес кој го доживував во текот на денот се топеше навечер со мојот оргазам.

Секако, во сето тоа беше вклучен и мојот сопруг. Имав секс со него, но не му кажав за својата одлука да имам оргазам во текот на денот, да не се загрижи дека ми е потребно повеќе секс отколку што моментално имаме. Поради секојдневните оргазми, телото ми посакуваше повеќе секс, а сопругот поради тоа беше воодушевен.

По еден месец, завршив со експериментот. Морам да признаам дека сега ми е тешко да се натерам да имам оргазам во текот на денот. Така што, сега не мастурбирам толку често како за време на предизвикот, но повторно почесто од тоа пред предизвикот – околу четири пати неделно и се чувствувам многу многу подобро.