Home Живот и здравје Недостатокот на овој минерал може да предизвика појава на рак и срцеви заболувања

Недостатокот на овој минерал може да предизвика појава на рак и срцеви заболувања

Ако ги имате овие симптоми, можно е да страдате од недостаток на селен и затоа треба да внесувате повеќе храна богата со минерали.

Селенот е неопходен за правилно функционирање на организмот и заштита од болести, а еве како да откриете дали на вашето тело му недостасува овој важен минерал.

Селенот влијае на имунитетот, ендокрините и кардиоваскуларниот систем, плодноста и заштитата од инфекции.

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на селен може да предизвика појава на различни типови карцином и да ги наруши когнитивните функциии, но на ова поле потребно е да се направат уште некои научни анализи.

Симптомите кои укажуваат на недостаток на селен се: неплодност кај мажите и жените, чувство на слабост во мускулите, константен замор, често заборавање, губење на кожата и слаб имунитет.

Од недостаток на селен страдаат личности кои ретко јадат храна богата со селен или воопшто не ја јадат, но и пациенти кои одат на дијализа , имаат ХИВ или оние кои имаат заболување на дигестивниот тракт.

Ако чувствувате некои од наведените симптоми, обратете се што е можно побрзо на лекар.

Доколку нивото на селен е многу ниско, можно е да ви препорачаат таблетки селен, а храната која најмногу го поседува се бразилскиот орев, грашокот, лебот од црно зрно, јајцата, пченицата, сирењето и туната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…