Капитенот на Мексико: Нејмар се превртува и прави драма, судиите да преземат мерки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на мексинанската репрезнетација, Андрес Гвардадо, го обвини Нејмар дека симулира и јавно ги повика судиите и ВАР да преземат нешто околу тоа.

Мексико одлично го започна Мундијалот со две победи, но во последното коло загуби од Шведска, па како второпласиран од групата се пласираше во осминафиналето, каде ќе се сретнат со Бразил.

Мексиканците ќе бидат посебно мотивирани за дуелите со Нејмар кој е најфаулираниот играч на Светското првенство.

„Сите го познаваме Нејмар. Ниту јас, сепак, ниту моите соиграчи може да направат нешто околу тоа. Судиите, ФИФА и сега ВАР треба да се справи со неговиот начин на игра. Знаеме дека многу сака да преувеличува, да се превртува на теренот. Оние што треба да го доведат во ред се судиите, а не ние играчите“, изјави Гвардадо.

Мексиканците се уште немаат победа над „Селесао“ во завршница на Светско, но тоа не му пречи на Гвардадо.

„Статистиката не игра улога. Поразот те учи повеќе од победата. Еден ден сме најдобри, следниот сме најслабите. Навикнати сме со слични околности“, заклули капитенот на Мексико.