Home Спорт Михајловиќ го тужи Спортинг и бара 10 милиони евра

Михајловиќ го тужи Спортинг и бара 10 милиони евра

Синиша Михајловиќ доби отказ од кормилото на Спортинг Лисабон после само 9 дена, а сега српскиот стратег ќе го тужи клубот и бара отштета од 10 милиони евра.

Михајловиќ потпише тригодишен договор „тежок“ 2 милиони евра по сезона, но после промената на претседателот Србинот веднаш доби отказ.

Португалските медиуми пренесуваат дека покрај договорените 6 милиони евра, Михајловиќ ќе го тужи Спортинг Лисабон и бара вкупна отштета од 10 милиони евра.

Новиот претседател Соуза Синтро се однесуваше непрофесионално и го навреди Михајловиќ, па сега Србинот ќе бара отштета за нарушување на угледот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…