Home Вебкафе Обезбедувањето од Ким Јонг-ун атракција и во Сингапур (видео)

Обезбедувањето од Ким Јонг-ун атракција и во Сингапур (видео)

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, во очи историската средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, која ќе се слуи на 12 јуни, одржа состанок со сингапурскиот премиер Ли Хсијен Линг.

Ким допатува со приватен авион „боинг 747“ на компанијата „Аир Кина“ на аеродромот Чанги и по доаѓањето во Сингапур се состана со министерот за надворешни работи Вивијан Балакришна.

Како и претходно што имаме можност да видиме, телохранителите на Ким Јонг-ун, задолжени за неговата максимална и постојана заштита, го следае буквално во секој момент трчајќи и покрај неговиот автомобил.

Секој потег на севернокорејскиот лидер ќе го следат 3.000 новинари во Сингапур.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…