Home Актуелно Приватно: Заев и Димитров „заедно го бараа патот“ во Струмица

Приватно: Заев и Димитров „заедно го бараа патот“ во Струмица

Откако во грчките, српските и дел од нашите медиуми се рашири муабетот дека премиерот Зоран Заев и Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги замрсиле односите поради нивните наводно различни позиции и ставови за спорот за името, како и дека Димитров „му игра зад грб“ на премиерот, тие двајца на модерен начин ги негираа таквите тврдења.

Заев и Димитров на своите Фејсбук профили објавија фотографии од нивната приватна дружба викендов во Струмица, заедно со нивните сопруги. Имале приватен семеен ручек, Заев и Никола возеле и квадрицикли и така го поминувале времето.

Димитров напиша „Семејна неделна дружба во Струмица со Зорица и со Зоран Заеви. Го бараме патот, заедно“!

Заев напишна само „На иста линија“ и ги закачи фотките од заедничкото попладне на премиеорот и министерот.

Претходно и официјално портпаролот на македонската влада Миле Бошњаковски ги демантораше шпекулациите за разединетост во преговарачкиот тим и Владата на Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Мајка ја застрела својата ќерка откако таткото доби старателство

Четиригодишно девојче од Тексас беше застрелано од својата мајка откако судот му го додели…