Home Вебкафе Човекот со најголеми стапала на светот се поднови со нови обувки

Човекот со најголеми стапала на светот се поднови со нови обувки

Венецуелецот Џејсон Родригез има големина на стапала со конфекциски број за обувки 68. Бидејќи има потреба од специјално изработени чевли само за него, изминативе пет години чевлите му ги изработуваше чевлар од германскиот град Вреден, недалеку од холандската граница.

Левото стапало на 22-годишниот Родригез е долго 40,55 сантиметри, а десното 40,57 сантиметри. Според Гинисовата книга на рекорди, тој е сопственик на најдолгите стапала на светот.

Родригез, кој е висок 220 сантиметри, оваа недела за прв пат лично го посети својот чевлар Џорџ Вселес.

Интересно е дека за 22-годишниот Родригез ова беше и прво излегување од родната држава воопшто. Тој изјави дека е среќен што има шанса да ја посети Европа и се врати дома со своите најнови чевли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…