Home Шоубизнис Од гладијатор со извајано тело, до непрепознатливост со забраден стил

Од гладијатор со извајано тело, до непрепознатливост со забраден стил

Своевремено, за потребите на улогата на мускулестиот гладијатор Максимус, во историскиот филмски спектакл на Ридли Скот, „Гладијатор“, Расел Кроу набилда топ тело и мускулатура, поради што стана миленик на армија обожавателки и своевиден секс симбол. Но, од таа импозантна фигура и појава денес не остана речиси ништо, освен името.

54-годишниот актер денес нема задржано ништо од тој негов славен и неодолив изглед. Освен што за потребите на улогата о филмот Boy Erased се здебели триесетина килограми, поради што прилично му се смени целокупниот физички изглед, Кроу пушти и долга и густа, проседена брада, поради што не може човек да го познае дека е тој.

A post shared by Russell Crowe (@russellcrowe) on

Во текот на кариерата Расел повеќе пати го трансформираше во крајности својот изглед за потребите на филмските улоги кои ги играше, а минатата година имаше конфликт на интернет со хејтерите поради тоа, откако се здебели за улогата во филмот Nice Guys.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…