Орданоски: ВМРО-ДПМНЕ може да почне да објаува „бомби“ за Заев и ДУИ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во својата најнова колумна за Civil Media, колумнистот и аналитичар Сашо Орданоски оперира со можната опција опозициската ВМРО-ДПМНЕ да почне да објавува аудио „бомби“ за СДСМ и ДУИ оваа есен.

Заради целото сегашно континуирано и жестоко инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ судирот со сегашната власт во најголем дел да се сведе на персонална конфронтација со „ликот и делото“ на Зоран Заев (моментно, суверениот носител на највисокиот политички рејтинг во државата), мене на ум ми доаѓаат неколку заклучоци кои е добро сега, пред летните одмори, да се споделат во јавноста, ем да ни биде забавно исполегнати по должина на плажите по разни морски широчини, ем отсега да се разбере налетот на уште понепријатната лична „црна кампања“ за Заев што му ја подготвува опозицијата за на есен, вели Орданоски.

Имено, мислам дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на принципот: „Како што тој нас нѐ сруши од власт, така и ние со иста мера и со исти методи ќе му вратиме нему!“ (Ова, ме уверуваат моите вмровски извори, Груевски веќе го зборува наоколу низ партијата…)

Цела колумна од Орданоски можете да ја прочитате ТУКА.