Home Шоубизнис Ограбен Жерар Пике!

Ограбен Жерар Пике!

Разбојниците избрале совршен тајминг.

Жерар Пике важи за еден од најдобрите дефанзивци на светот. Меѓутоа кога „лоповите“ ќе ве изберат како мета тешко дека вашата дефанзивна интуиција може да ви помогне.

Разбојниците го искористија момент што Шакира е на турнеа во Германија, а Пике бил во посета на неговото семејство, па од неговиот дом во предградието на

Барселона успеале да украдат многу накит и часовници.

Како што пишува „АС“, сторителите се уште не се пронајдени, а интересно е што ова не е единствен фудбалер на Барселона кој е мета на разбојници во последната година.

Во иста ситуација се најде Фелипе Кутињо, само еден месец после неговото пристигнување во Барселона, минатиот јануари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…