Home Шоубизнис Гвинет Полтроу проговори за сексуалната злоупотреба од Харви Вајнстин

Гвинет Полтроу проговори за сексуалната злоупотреба од Харви Вајнстин

На гостувањето во шоуто со Хауард Стерн, актерката Гвинет Полтроу откри детали од вечерта кога нејзиниот тогашен дечко му се спротивставиле на Харви Вајнстин откако дознал дека продуцентот ја вознемирувал неа, пренесува Daily Mail.

Гвинет откри дека во 1995 година, кога биле на премиерата на „Хамлет“ на Бродвеј, Пит го забележал Вајнстин и го притиснал до ѕид обраќајќи му се: „Ако уште еднаш поради тебе се почувствува непријатно, ќе те убијам!“.

Тоа се случило брзо откако Џејсон Присли од популарната серија „Беверли Хилс 90210“ открил дека го удрил Вајнстин. Актерката призна дека се чувствувала чудно и дека немала поим оти Вајнстин ќе се обиде да им пристапи.

„Веднаш му кажав на Пит што се случи. Бев многу вознемирена, а штотуку имав потпишано два филма за тој човек“, открива Полтроу.

Таа прв пат проговори на оваа тема минатата година за New York Times и тогаш стана една од првите холивудски актерки која јавно го обвини моќниот и славен продуцент за сексуално вознемирување.

„Бев уште дете и страшно уплашена. Кога стигнав во хотелот, тој првин почна да ме масира и ме покани да му се придружам во спалната соба. Бев очајна. Дотогаш го сметав за некаков чичко Харви“, се потсеќа Гвинет. Откако го одбила, продуцентот почнал да вика и ја предупредил дека никому не смее да каже што се случило.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …