Home Шоубизнис Стигна приновата: Убавицата и основачот на Снепчет станаа родители

Стигна приновата: Убавицата и основачот на Снепчет станаа родители

После една година откако ја направија нивната луксузна венчавка од соништата, супермоделот Миранда Кер и бизнисменот Еван Шпигел станаа родители.

Атрактивната манекенка, препознатлива по соработката со брендот Victoria’s Secret”, се породи пред четири дена во приватна болница во Лос Анџелес и на свет донесе син.

Како што пишува TMZ, славниот пар одлучил детето да се вика по неговиот дедо, односно да го добие името Харт.

Миранда веќе има еден седмогодишен син кој го роди во бракот со поранешниот сопруг, холивудскиот актер Орландо Блум.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Зак Афлек ѝ го честита роденденот на ќерката откако се дозна дека Џен побарала развод

Зак Афлек, ѕвездата на реалното шоу „Тајните животи на мормонските сопруги“, ѝ упати нежна…