Home Вебкафе Ќе се онесвестел од шок: Му опнале казна оти возел над 690 км/час

Ќе се онесвестел од шок: Му опнале казна оти возел над 690 км/час

Кога ќе речат „една нула – една кула“, веројатно мислат на случаи како овој кој го снашол еден белгиски возач.

Белгиски државјанин речиси се онесвестил од изненадување, откако по пошта добил уплатница за парична казна за возење со над 690 километри на час (поточно, 696 километри на час) со неговиот Опел Астра.

Мажот, на возраст од околу 30 години, не можел да им поверува на очите откако прочитал дека паричната казна се однесува за брзо возење од над 690 километри на час, што било откриено од радар на полицијата во општина Киеврен, во близина на границата со Франција.

Всушност грешката се должела на неправилно внесен код од страна на полицијата, бидејќи тој се движел со 60 км/час наместо дозволените 50.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…