Home Актуелно Годишен биланс: Околу седум милиони умираат поради изложеност на загаден воздух

Годишен биланс: Околу седум милиони умираат поради изложеност на загаден воздух

Приближно седум милиони луѓе секоја година умираат како последица на изложеност на загаден воздух, објави Светската здравствена организација.

Само загадениот воздух предизвикал 4,2 милиони смртни случаи во 2016 година, додека загадувањето на воздухот од несоодветни горива и технологии предизвикало 3,8 милиони смртни случаи во истиот период, наведува СЗО.

Бројките се на исто ниво со бројот на смртни случаи регистрирани во претходна студија објавена пред две години.

Нивото на загадување на воздухот останува опасно високо во многу делови од светот, според студијата на СЗО. Нови податоци покажаа дека девет од 10 луѓе дишат високо загаден воздух.

Повеќе од 90 проценти од смртните случаи поврзани со загадувањето на воздухот се јавуваат во земјите со низок и среден приход, главно во Азија и Африка, по што следат земјите со ниски и средни приходи од регионот Источна Медитеран, Европа и Америка, според извештајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…