Home Вебкафе Од музеј на оригинали, испадна музеј на фалсификати

Од музеј на оригинали, испадна музеј на фалсификати

Според информациите од официјалните лица од францускиот музеј посветен на сликарот Етјен Теру, во рамки на сликите кои ги поседува музејот биле откриени голем број фалсификати за кои се сметало дека се оригинални дела на споменатиот автор.

Музејот на Теру во Елн, Франција, открил дека Теру не е автор на 82 дела кои нему му се препишани, објави Би-Би-Си.

Се верува дека е фалсификувана повеќе од половина од музејската колекција. Сликите чинат околу 160.000 евра.

Вработените во музејот не биле свесни дека сликите биле фалсификати, се додека еден посетител на музејот, историчар на уметност, Ерик Форкад, не им обрнал внимание на тоа.

Пред неколку месеци, тој изрази сомневање во автентичноста на сликите, по што музејот ангажирал експерти кои направиле проценка и заклучиле дека 82 дела не биле на Теру, пренесе Би-Би-Си.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …