Home Шоубизнис Ким Јонг-ун секаде со себе си носи свој приватен тоалет – причината е бизарна

Ким Јонг-ун секаде со себе си носи свој приватен тоалет – причината е бизарна

Прв пат после 1953 година севернокорејски лидер ја помина воената линија и зачекори на јужнокорејско тло.

Иако Ким Јонг-ун се согласи да седне на иста маса со претседателот на Јужна Кореја, сепак, не се согласи да седне во тоалетот кој го користеа другите.

„Лидерот на Северна Кореја има свој приватен тоалет кој го носи секаде каде што патува“, изјави бившиот командант во севернокорејската војска, Ли Јун-кеол за Washington Post.

Но, овој факт воопшто не е чуден во споредба со причината поради која Ким секаде со себе влечка приватно WC. Тој тоа го прави заради заштита на информациите кои за него може да ги даде неговиот измет.

„Неговата столица содржи информации за неговата здравствена состојба, така што не може да ја остава насекаде“, објаснува Ли, додавајќи дека Ким Јонг-ун, исто така, има вградени тоалети во повеќето од своите возила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…