Home Спорт Баер Леверкузен купи бразилски тинејџер кого го сакаше пола Европа

Баер Леверкузен купи бразилски тинејџер кого го сакаше пола Европа

Баер Леверкузен победи во трката за потписот на бразилскиот тинејџер и ѕвезда на Васко де Гама, Паулињо.

Паулињо беше мета на голем број европски гиганти, но на крајот „фармацевтите“ успеаа да го купат за 20 милиони евра. Тој ќе се приклучи на Леверкузен кога ќе наполни 18 години, односно во јули оваа година.

„Привлекувањето на Паулињо е голем успех за нас“, изјави претседателот Михаел Шаде.

Емерсон, Лусио, Зе Роберто беа фантастични фудбалери кои меѓународната кариерата ја започнаа токму во Леверкузен. Сите го знаат тој клуб во Европа и не размислував многу кога стигна понудата“, изјави Паулињо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…