Home Актуелно Се очекуваше повеќе: Ветени 4,4 милијарди долари хуманитарна помош за Сирија и соседите

Се очекуваше повеќе: Ветени 4,4 милијарди долари хуманитарна помош за Сирија и соседите

Меѓународните донатори ветија хуманитарна финансиска донација за Сирија и соседите, земји кои обезбедија прибежиште за бегалците, во висина од 4,4 милијарди долари, соопшти виш претставник на ОН.

Сепак, ова е значително помалку од преку 7-те милијарди коишто светската организација ги бараше претходно.

Марк Ловкок од Канцеларијата за координација и хуманитарни прашања при ОН, ова го изјави за време на меѓународната донаторска конференција во Брисел.

Тој додаде дека за 2019-та година се очекува дополнително ветување од 3,3 милијарди долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…