Home Шоубизнис Кејт Мидлтон на породилна маса: На пат третото кралско бебе

Кејт Мидлтон на породилна маса: На пат третото кралско бебе

Сопругата на принцот Вилијам, војвотката Кејт Мидлтон, поради здобиени породилни контракции, денес била пренесена во болницата „St Mary“. Според тоа, се очекува дека за неколку часа на свет да пристигне третото кралско бебе од бракот на принцот и војвотката. што значи дека за неколку часа на виделина ќе се појави третото дете.

Војвотката на Кембриџ била одведена со автомобил денес рано наутро, а фановите на Кралското семејство веќе се упатија пред болницата во очекување да ги видат први Кејт и бебето.

Oстанува да се дознае дали момче или девојка ќе биде новиот престолонаследник, како и името кое го избрале Кејт и Вилијам.

По старата традиција веста ќе биде соопштена преку официјален документ потпишан од кралските лекари и изложен на статив во дворот на Бакингемската палата.

Пред тоа сепак протоколот бара да бидат известени сите од кралското семејство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …