И Загреб кон дното: На радио ќе се пушта „цајке“ и ќе се делат пластични операции за награди?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Загрепчани наскоро ќе добијат радио фреквенција која ќе пушта турбофолк. Како што пренесуваат тамошните медиуми, радиостаницата Extra FM на загрепчани во етерот ќе им понуди турбофолк музика, како и хрватска музика со источњачки мелос (како што објаснуваат тие).

Сека Алексиќ, Дара Бубамара, Јелена Карлеуша, па и Цеца Ражнатовиќ, наскоро ќе можат да се чујат на радиоприемниците среде Загреб, а одговорните се убедени дека овој проект ќе доживее голем успех.

Добро упатени извори за хрватски Индекс велат дека програмата на Extra FM треба да почне да се емитува ова лето, а освен музичката понуда, и наградните игри ќе бидат прилагодени за слушателите. Наводно, првата голема наградна игра како главна награда ќе доделува пластична операција.

Extra FM програмата ќе ја емитува од студиото на загрепската адреса Većeslav Holjevac 29, но хрватските медиуми пренесуваат дека на прашањата за нивната музичка програма од радиостаницата уште ништо не одговараат. Радиото уште нема своја официјална страна, а онаа која се наведува во податоците за радиостаницата не е функционална.

Имајќи во предвид дека Јадранско радио во Сплит минатата година почна да ги емитува во Хрватска толку озлогласените „цајки“ и наводно со тоа си ја зголемило слушаноста за 100 %, Extra FM има причина за оптимизам.

„Промената на музичката програма ја спроведуваме на начин во дневната програма да се пуштаат песни исклучиво од домашни автори и изведувачи, особено песни кои се настанати во тоа поднебје, додека во вечерните и ноќните часови, покрај домашна поп и народна продукција, ќе можат да одат и песни од околните држави. Одлуката да пуштаме песни од комшиите ја донесовме врз основа на испитувањата на пазарот и побарувачката. Директната анкета на слушателите се спроведува секој пат кога е отворен телефонот за јавувања и пораки од нив, како и исполнување на нивните музички желби“, изјавија во своевремено од Јадранско радио за споменатиот Индекс.