Home Спорт Видео: Мадрид му се поклони на Иниеста – „генијалецот“ заплака!

Видео: Мадрид му се поклони на Иниеста – „генијалецот“ заплака!

Барселона синоќа по рекорден 30-ти пат го освои Купот на Шпанија, откако убедливо ја совлада Севиља со 5:0.

Како капитенот во финалето за последен пат ја предводеше Андрес Иниеста, кој го освои рекордниот 34-ти трофеј во својата кариера.

33-годишниот „маестро“ блескаше на теренот, постигна и прекрасен гол, па на крајот ги собра овациите од целиот стадион.

Валверде реши да го извади од игра во 88-та минута, а целиот стадион „Ванда Метрополитано“ со стоечки овации го испрати „генијалецот“.

Иниеста на клупата не можеше да ги задржи емоциите и се расплака.

Иниеста одигра повеќе од 600 натпревари за Барселона, се стекна со легендарен статус, а на крајот на сезоната најверојатно ќе се пресели во Кина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…