Гатузо: Ова е срам, им се извинувам на фановите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан синоќа доживеа срамен пораз од „фенерџијата“ Беневенто на „Сан Сиро“ (0:1), кој уште долго ќе се памети.

Гатузо после мечот ја презеде одговорноста за поразот, но ги предупреди фудбалерите дека носат „свет“ дрес и не смеат во иднина да дозволат ваков срам.

„Јас сум прв одговорен за резултатите. Кога играш без срце ќе ти се случуваат вакви порази. Им се извинувам и на навивачите, бидејќи ние го носиме светиот дрес и не смееме да имаме вакви срамни натпревари. Бевме празни. Јас не можам пред јавноста да зборувам невистини. Очигледно е дека се мачиме. Вечерва воопшто не личевме на тим, туку на банда“, смета Гатузо.

„Ги предупредив фудбалерите дека ќе имаме проблеми, што им вреди сега дека се тажни, требаше на тоа да мислат многу порано. Ние сме Милан и не смееме да си дозволиме вакво нешто“, додаде Гатузо.