Home Шоубизнис Од келнер на Сан Сиро до светска слава како фудбалски менаџер

Од келнер на Сан Сиро до светска слава како фудбалски менаџер

Тој во моментов е еден од најпознатите италијански фудбалски агенти и ги штити интересите на многу италијански фудбалери од различни категории.

Џузепе Рисо во фудбалските кругови важи како човек близок до Адриано Галиани, а и самиот не крие дека е многу поврзан со поранешниот прв оперативец на Милан.

Имено, тој за медиумите откри многу интересна приказна во која раскажа како се запознал со Галиани и дека тој е „виновникот“ што станал фудбалски агент.

„Јас работев како сервисер на Сан Сиро, а во тој период имаше правило да не се пие за време на натпреварот. Бев во салата со кетеринг и дојде една жена која ми побара пијалот. Јас нормално дека обив да и дадам, а по неколку минути дојде шефот и почна да ми вика…Таа жена била секретарка на Адриано Галиани“, раскажува Рисо.

„Јас појдов да му се извинам на Галиани, а тој ме повика на вечера по натпреварот во ресторанот Гианино каде што одеа сите од Милан. Таму се запознавме и започна нашето пријателство. Да се биде блозок до Галиани е како да одите на Универзитет, тој е жива енциклопедија. Ме научи многу работи и секогаш кога имав проблем му се јавував прво него и секогаш ми даваше правилни совети“.

„Вистина е дека ми помогна многу и на почетокот кога ја зедов лиценцата за фудбалски менаџер. Ми ги даде сите контакти и скоро сите млади фубдалери кои беа во академијата на Милан, а кои немаа менаџер ми даваше да ги заштитувам јас нивните интереси. Еднаш ми се налути кога го однесов Кристанте во Бенфика и не ми зборуваше неколку месеци“, открива Рисо.

Џузепе Рисо денес е најпознатиот италијански агент и ги штити инетресите на многу познати фудбалери.Калдара и Гаљиардини за вкупно 50 милиони евра ги пресели во Интер и Јувентус.

Тој е менаџер уште на многу големи фудбалски имиња како Хернан Креспо, Пипо Инзаги, Алесандро Матри, Андреа Белоти, Кристанте, Ромањоли…

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …