Home Вебкафе „Среќен брак“: Со сопругата имаат 9 деца, а тој дозна дека е неплоден цел живот

„Среќен брак“: Со сопругата имаат 9 деца, а тој дозна дека е неплоден цел живот

Кога ќе речат „животот ми се сврте наопаку“, веројатно не знаат за судбината на еден маж кој буквално бил шокиран од откритието после еден рутински преглед.

Еден професор од малиот марокански град Сиди Силман бил на рутинска контрола кај уролог. Она што го дознал таму му го превртел животот наопаку.

Всушност докторот му открил мала циста на едниот тестис и го препратил на дополнителни испитувања. Резултатите го шокирале професорот.

Испитувањата покажале дека тој е неплоден цел негов живот. А всушност професорот мислел дека бил во ,,среќен брак” веќе 35 години со жената на својот живот со која има 9 деца.

Веднаш откако ги добил резултатите најмил адвокат и побарал веднаш развод, а сакал да се одрече и од децата кои всушност не биле негови.

Жената би можело и да заврши во затвор бидејќи извршувала прељуба, а во Мароко прељубата се казнува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …