Home Актуелно Во Дума се користело хемиско оружје – потврдено преку примероци од крв и урина на жртвите

Во Дума се користело хемиско оружје – потврдено преку примероци од крв и урина на жртвите

Врз основа на резултатите од испитувањата на добиените примероци од крвта и урината на жртвите на хемискиот напад во Сирија, американските претставници тврдат дека тие покажуваат употреба на хемиско оружје во Дума, објави американската телевизија MSNBC.

Според телевизијата тестовите на примероците се позитивни на хемикалии, пред се на хлор, а некои и на нервен агенс.

Во меѓувреме, сирискиот амбасадор во Обединети нации, Башар Џафри изјави дека два истражителски тима на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) треба да пристигнат во Сирија поради истрага за наводниот напад во Дума.

„Двете групи одвоено ќе пристигнат во Сирија… Подготвени сме да ги испратиме до локациите на кои сакаат да одат“, посочио Џафари.

ОПЦВ потврди дека нејзини инспектори од сабота ќе почнат со работа на терен во Сирија.

Неименуван извор од сириското Министерство за надворешни работи изјави дека Западот се обидува да ја опструира задачата на мисијата на ОПЦВ и „да се вмеша во нејзината работа“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…