Home Спорт Мурињо ја „краде“ ѕвездата на Челзи

Мурињо ја „краде“ ѕвездата на Челзи

Во Манчестер Јунајтед се убедени дека можат на лето да ја донесат ѕвездата на Челзи, Вилиан, тврдат англиските медиуми.

Мурињо и минатото лето се обиде да го донесе Бразилецот и наводно беќе имаше договор со агентот на Вилиан. Тогаш Челзи одби да се раздели со фудбалерот, но сега „црвените ѓаволи“ се убедени дека трансферот може да се реализира.

Вилиан има договор со Челзи до 2020 година, а „сините“ за неговата слобода ќе бараат најмалку 30 милиони фунти. На „Стенфорд Бриџ“ се очекуват големи промени на лето, почнувајќи од смената на тренерот.

Големи промени се очекуваат и на „Олд Трафорд“. Мурињо сака да го засили тимот на сите позиции за да може да се бори со Манчестер Сити за титулата.

Тимот најеројатно ќе го напушти Хуан Мата, а „Специјалниот“ смета дека Вилиан е идеална замена за Шпанецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…