Home Актуелно Грчките медиуми најавија средба на Коѕијас со Димитров во Охрид

Грчките медиуми најавија средба на Коѕијас со Димитров во Охрид

Според известувањето на грчкиот медиум reader.gr, министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април ќе се сретнат во Охрид.

Коѕијас ќе допатува во Охрид од Белград, а претходно ќе ја посети и Приштина, пренесуваат медиумите.

Ова ќе биде втора посета на Коѕијас на Македонија во последните дваесеттина дена, а трета средба на двајцата министри во истиот период. Шефот на грчката дипломатија беше во Скопје на 23 март, па седум дена подоцна, на 30 март, Коѕијас и неговиот македонски колега Димитров се сретнаа во Виена.

По таа повеќечасовна средба во австрискиот главен град посредникот Метју Нимиц рече дека има напредок во разговорите за името, но дека се уште постојат потешкотии кои треба да се надминат во натамошните разговори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…