Home Актуелно И денес сончево и топло, од утре промена на времето

И денес сончево и топло, од утре промена на времето

Временската прогноза за Македонија и денес најавува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 23 Целзиусови степени, Крива Паланка 20, Маврово 13, Охрид 19, Битола 21, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 24…

Утре сѐ уште ќе биде топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 18 до 25 степени

Во петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност. Повеќе врнежи се очекуват во северозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури (од 10 до 19 степени).

Прогнозата и за в сабота е променливо облачно, претпладне со локален дожд и температури од 10 до 19 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…