Home Актуелно Сончев и пролетно топол вторник

Сончев и пролетно топол вторник

Исто како и вчера, и денес не очекува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност, поголема во планинските региони.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максималните температури ќе бидат од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 20 степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. Во четврток се уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер. Особено на југот ќе има и услови за појава на нестабилност и грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…