Во Лос Анџелес отворен првиот селфи музеј


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со интерактивна изложба во организација на Томи Хонтон и Таир Мемедов, во Лос Анџелес беше отворен првиот музеј за селфи. Во наредните два месеци оваа поставка ќе го слави новиот модерен тренд на „самофотографирање“.

Во овој музеј селфито е задолжително. Во него, се разбира, може да се најдат огледала, како и изобилство од интересни факти за овој тренд.

Хонтон и Мамедов гледаат на овој концепт како нешто повеќе од правење фотографии.

„Селфито има изненадувачки богата историја, и се навраќа уште во времето кога луѓето создаваат уметност“, објасни Хонтон.

„Рембрант направил илјадници автопортрети, Албрехт Дирер направил пет, а Ван Гог дузина. Тие правеле портрети од себе, така што која е разликата“, вели тој.

„Да, уметничката техника е една работа, но во реалноста, ако постоеле мобилните телефони и камерите, сите ќе ги правеле“, додава тој.

Друг, сличен музеј посветен на селфи фотографиите е отворен на Филипините во 2015 година. Во меѓувреме, во Глендал, предградие во Лос Анџелес, изложбата е последна во низата музеи кои се појавија изминатиот период.