Home Спорт Конте навести заминување: Не знам дали ќе останам!

Конте навести заминување: Не знам дали ќе останам!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, призна дека не знае дали ќе продолжи да го води тимот следната сезона.

Со вчерашниот пораз од Тотенхем „сините“ се повеќе се оддалечија од Топ 4 односно од местата кои водат во Лигата на Шампионите следната година.

„Морам да бидам искрен, не знам дали ќе бидам во Челзи. Тоа не е мој проблем, туку е проблем на клубот. За нас менаџерите никогаш ништо не е случајно. Може да имате договор, но не знаете што ќе се случи по еден или два натпревари. Се зависи од резултатите“, изјави Конте.

Од неодамна се шпекулира дека Конте би можел да се врати на чело на италијанската репрезентација. Меѓутоа неговото име исто така се поврзува и со други европски гиганти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…