Надал се врати на врвот на АТП листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лошиот настап на Роџер Федерер во Мајами му го донесе на Рафаел Надал првото место на новата АТП листа.

Надал и покрај тоа што не настапи на Мастерсот во Мајами, успеа да го престигне Роџер Федерер кој падна на втората позиција, како резултат на раната елиминација на Мастерсот во Флорида.

Трет на листата е Марин Чилиќ, а потоа следува Александар Зверев кој со настапот во финалето напредуваше за една позиција.

Во топ десет се и Григор Димитров, Хуан Мартин Дел Потро, Доминик Тим, Кевин Андерсон, Џон Иснер и Давид Гофан.