Home Актуелно Уште една година за реализација на Брегзит

Уште една година за реализација на Брегзит

Останува точно една година до излегувањето на Велика Британија од Европската унија, според она што беше договорено откако Британците референдумски ја изгласаа оваа опција.

Една година откако британската премиерка, Тереза Меј го иницираше членот 50 за почеток на формалниот процес, ЕУ и Велика Британија успешно ги договорија условите за излегување и 21-месечниот период на транзиција по официјалниот датум на напуштање на Унијата, 29-ти март 2019-та година.

Во 2016-та година, Меј изјави дека Велика Британија ќе биде целосно независна, суверена земја, изјава која подоцна ќе стане дел од т.н. британски „црвени линии“.

Во меѓувреме се поголем број граѓани на ЕУ ја напуштаат Британија, како последица на Брегзит, за што предупредија приврзаниците за останување во Унијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…