Home Вебкафе Ја наговори хостесата да стартува автомобил на саемот во Белград – таа слупа друго возило (видео)

Ја наговори хостесата да стартува автомобил на саемот во Белград – таа слупа друго возило (видео)

Една од хостесите на белградсиот саем на автомобили со автомобил од штандот на кој беше ангажирана се слупа во автомобил од соседниот штанд, откако еден од посетителите ја наговори да седне во автомобилот и да го стартува.

„Автомобилот беше во прва брзина, се помести за еден-два метра и удри оштетувајќи го еден примерок на Toyota од соседниот штанд. Никој не можеше да верува што се случи, ниту некој очекуваше дека ќе се случи тоа. Ненадејно само нешто пукна, а посетителите на саемот останаа вчудоневидени. Сите почнаа да се собираат околу чукнатиот автомобил, на некои им беше и смешно“, изјави извор од саемот.

Хостесата работеше на штандот од Ford, а уште не се знае дали ќе мора да ги сноси трошоците за предизвиканата штета.

„Тоа зависи од сопственикот на штандот. Штетата е минимална, а автомобилот веќе е заменет со друго возило. Можеби не требаше да го стартува автомобилот среде халата, но ете, се случи“, додава неименуваниот извор.

И организаторите на саемот го потврдија инцидентот.

„На инсистирање на потенцијален купувач, хостесата која стоела покрај возилото невнимателно го стартувала истото и притоа полесно оштетила возило од другиот штанд. Инцидентот помина без опасност за другите посетители на саемот“, изјавија организаторите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…