Home Актуелно Татко од пеколот: Својата четиригодишна ќерка ја нудел на педофили

Татко од пеколот: Својата четиригодишна ќерка ја нудел на педофили

Ендрју Џејмс Турли е пеколен татко од Америка кој доби затворска казна од 60 години  откако ја нудел и пробувал да ја продаде на педофили својата 4-годишна ќерка на интернет.

Пресудата била конечна две години откако полицијата во Хјустон го открила интернет огласот на Турли „Играјте си со татовата мала ќеркичка“.

Турлии ја опишал неговата ќерка како „помлада од 10 години“ и се обидел да организира состанок со педофил, кој всушност бил полицаец. Нивното допишување и договарање било во преку 70 пораки на маил. Турли барал 1000 долари за 2 часа и ветување дека ќе му даде на детето лек за спиење.

Тој, исто така, нагласил дека детето е премногу мало за пенетрација, но дека сè друго е во ред.

Американецот бил уапсен на 15 ноември, а полицаецот кој дошол во станот на Турли изјавил дека 4 годишното девојче го пронашле голо на кревет под ќебе. Американските медиуми пишуваат дека мајката на девојчето не знаела што се случува.

„Овој случај ми го скрши срцето. Таткото треба да биде заштитник, а не предатор“, изјавил еден од обвинителите.

Турли добил 60 години казна затвор, а помилување нема да може да добие пред да наполни 75 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Хелена Кристенсен: Тајните на блескавата убавина на супермоделката

Кои се ритуалите и третманите за лице што ги следи славната данска убавица и поранешен Вик…